За расчистување на улиците во Гази Баба досега фрлени 190 тони сол
Вкупно 190 тони сол и 100 метри кубни ризла се фрлени во сите населени места во општината Гази Баба за расчитување на снегот на улиците. Сите патни правци на територијата на општината се проодни, а сообраќајот во урбаниот и руралниот дел се одвива без застој.
Како што соопшти општина Гази Баба, фирмите задолжени за зимско одржување продолжуваат со активностите и постојано интервенираат со својата механизација за расчистување на теренот. Покрај четирите возила со специјализирана механизација, кои можат истовремено да го чистат снегот и да фрлаат сол и ризла, обезбедени се уште шест градежни машини, четири скипа и две бобкат машини за расчистување на снегот.
Приоритет, како што наведуваат, имаат улиците по кои се движат возила за јавен превоз и угорните улици во населбите Железара и Ченто, но постојано се интервенира низ целиот урбан дел како и во сите населени места, Стајковци, Брњарци, Страчинци, Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани и Раштак.
Од општината апелираат до сите физички и правни лица да се придржуваат кон обврските согласно Законот за јавна чистота, за расчистување на пристапните патеки пред објектите, со што би се овозможило побезбедно движење.
Ново на Сител
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата