Германци бараат постхумен орден за полскиот возач убиен од Амри
Над 35 илјади Германци досега се потпишаa на петицијата со која од германските власти се бара постхумно да му додели орден на полскиот возач со чиј камион Тунижанецот Анис Амри изврши напад, во кој во Берлин загинаа 12 луѓе.
Германската полиција по нападот во Берлин објави дека Полјакот Лукаж Урбан пред да биде застрелан од Амри се обидел да го спречи терористот во неговата намера и со тоа спасил голем број животи.
Потписниците на петицијата на интернет апликацијата Change.org од германските претседател Јоаким Гаук бараат Урбан да добие Сојузен крст за заслуги кое што е највисоко признание кое се доделува на цивили, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Во исто време пратеникот од партијата на „Зелените“ Омид Нурипур од министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер побара Урбан да добие орден за заслуги.
Во образложението дадено на Change.org за петицијата се вели дека според извештаите аутопсијата покажала дека Урбан се борел со Амри при што бил тешко повреден и најверојатно застрелан
„Со овој херојски акт тој спасил многу животи и за тоа херојство тој заслужува највисок германски орден“, велат иницијаторите на петицијата.
Според се уште неофицијалните информации Амри успеал да го преземе камионот на Урбан неколку часа пред нападот за време на кој Полјакот бил држен на совозачкото седиште.
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново