-->
-->
Миодраг Лабовиќ добитник на награда од областа на борба против корупцијата
-->
Проф. д-р Миодраг Лабовиќ, од Факултетот за безбедност-Скопје, во конкуренција на научни истражувачи од многу земји во светот е награден за врвни научни достигнувања во областа на владеење на правото и антикорупцијата.
Наградите кои се доделуваат во четири категории за борба против корупција беа врачени во кралската палата „Хофбург“ - Виена, во организација на Центарот за владеење на правото и антикорупција, при Владата на Катар, под покровителство на ООН-UNODC.
Наградата на победниците лично им беше доделена од генералниот секретар на ОН, Бан Ки мун и емирот на државата Катар, Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани.
Големата конкуренција на врвни професори од најреномираните светски универзитети, како што се Сорбона од Париз, универзитетите во Монтреал, Торонто, Сиднеј-Австралија, од Школата за право во Лондон, В. Британија и многу други универзитети од цел свет, беше оценувана и споредувана на две нивоа, а меѓу кандидатите освен индивидуални научници имаше и конзорциуми на научни институции.
Наградата е во финансиска вредност од 250.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија