Во Карпош ќе се засадат нови 5.000 дрвца
Во рамки на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ општина Карпош во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ засади околу 600 нови дрвја во Влае 1 и 2, Карпош 1 и 4. Општина Карпош донираше и садници во дворот на приватното училиште „Јахја Кемал“, како и во дворот на поликлиниката „Букурешт“.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски засади неколку садници во паркот „Македонија“ во населбата Тафталиџе 1.
- Садиме неколку илјади дрвја во општина Карпош за водухот да биде почист, за летно време да имаме повеќе сенка и Карпош да биде позелен од тоа што е. Со садењето на целата територија на Македонија се подига свеста за екологијата, како и за почиста околина, рече Јакимовски.
Нагласи дека во општина Карпош веќе има засадено околу 1.500 дрвја, а сега се садат околу 3.500 нови дрвја. - Тоа значи дека Карпош оваа година ќе биде пошумен и збогатен со зеленило со уште 5.000 дрвја, прецизира Јакимовски.
Нагласи дека од денеска па се до 30 декември, општина Карпош ќе продолжи да сади и да ги оплеменува зелените површини со нови и млади садници. Предвидени се да се засадат дрвја од видот на чемпрес, јасен, туја, јавор и каталпа.
Ново на Сител
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина