Лавров: Киднапирањето на руските војници на Крим е провокација
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека украинската разузнавачка служба извела провокативен чекор со вчерашното киднапирање на двајца руски војници на Крим.
Додека Москва тврди дека се киднапирани двајца руски војници на Крим, Киев наведува дека тоа се војници дезертери од украинската армија и оти се приведени на територија што е под контрола на Украина.
- Веруваме дека тоа беше незаконска провокација на украинската разузнавачка служба против руски граѓани на руска територија. Нашите служби за спроведување на законот се занимаваат со тој случај, посочи Лавров.
Тој, исто така, наведе дека и понатаму нема изгледи за нов министерски состанок на така наречената Нормандиска четворка (Русија, Германија, Франција и Украина) бидејќи се уште не е усогласен планот за Донбас, кој треба да го одобрат министрите.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност