Коневски: Заев во Швајцарија ги откри тајните мотиви за кризата
ВМРО-ДПМНЕ смета дека лидерот на СДСМ Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија ги открил крајните мотиви на двегодишната криза во која што ја втурна Република Македонија.
Како што истакна на денешната прес-конференција Ивица Коневски, претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, неговите две основни цели кои јавно ги обзнани се редефинирање на државата и менување на уставниот поредок и уривање на позициите на Република Македонија во споровите што ги има со соседите, вклучувајќи го и прашањето за името.
- Аболицираниот Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија отворено ја обвини Република Македонија дека кај нас бил проблемот што се обидуваме да си го сочуваме уставното име и националниот идентитет. Срамно и недостојно за политичар кој е лидер на партија. Ја обвини Македонската православна црква дека кај неа е проблемот што е оспорена од Српската православна црква. Ја обвини Македонија дека кај нас е проблемот што не ни се признава јазикот и народот и што нашите малцинства во соседните земји не ги уживаат истите права, рече Коневски.
Пред албанската дијаспора Заев кажа, додаде тој, дека рамката на Охридскиот договор не била доволна, ветувајќи и на албанската дијаспора дека тој ќе го менува Уставот, ќе го официјализира албанскиот јазик и ќе ја федерализира Македонија.
- На ваквата антидржавна политика и на ваквото пазарење со највисоките национални интереси мора да се стави крај. Мора конечно да се стави крај на кризата и Македонија да тргне напред. ВМРО-ДПМНЕ и народот на Република Македонија нема да му дозволат на аболицираниот криминалец Зоран Заев да ги оствари своите планови, рече Коневски.
Ново на Сител
-
Приведен струмичанец за силување на својата 20-годишна девојка
-
Регистриран земјотрес во близина на Охрид
-
Зеленски: Во Германија најмалку 300.000 Украинци не работат и не бараат работа
-
Кјоб за Сител: Новата влада има добри економски приоритети но треба да се види реализацијата
-
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто
-
Министерката Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство и оти нема важечки бугарски документи
-
Трамп и Харис имаат завршни митинзи денеска во Аризона и Невада
-
МП: Новиот Кривичен законик е завршен и доставен на мислење до ЕК