Бил Пасквел: Местото на Македонија е во НАТО
Интеграциите во НАТО, зајакнување на македонско американските односи и потенцијалите за нивно интензивирање се клучните теми на кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дискутираше на средбата со со конгресменот од Њу Џерси, Бил Пасквел.
Можам да кажам дека од конгресменот Пасквел имаме одлична поддршка, него можеме да го вброиме во оние што се пријатели на Македонија, кои што и во минатото во многу наврати покажале и застанале зад Македонија. Го брифиравме за најновите информации и најновите состојби, заеднички споделивме идеи како понатаму да се продолжи, да се градат стратегиите околу нашите суштински интереси како држава. Можам да кажам дека беше одлична средба при што ќе ја продолжиме комуникацијата и во наредниот период.
Бил Пасквел кој е еден од конгресмените со најдолг стаж во Американскиот конгрес искажа поддршка за македонските интеграции во НАТО, истакнувајќи дека државата заслужува да стане членка што побрзо.
Македонија припаѓа во НАТО алијансата. Македонија треба поскоро да стане членка во НАТО. Големите и малите држави треба да бидат членки на НАТО и ова е силна порака против секој кој што има идеја да се спротивставува на членството на малите држави. Сакам Македонија да стане членка на НАТО и ќе направам се што можам, што е во моја сила и капацитет да направам тоа да се случи. Одличен состанок, Груевски е многу отворен за соработка и луѓето од неговата делегација, јас имам одлично мислење и така гледам и на Македонија. Имате многу убави работи, а Македонија ќе биде и уште подобра и понапредна во годините што следуваат
Во рамките на неговата посета во САД, Груевски се сретна со повеќе конгресмени, сенатори, други политички личности, со цел да се помогне во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија, зајакнувањето на односите со САД и стратешката цел членството во НАТО и ЕУ.
-
Митко Сланинкоски
Сите содржини од овој новинар
