Македонија
3. October 2016 - 15:33

ООУ „Браќа Миладиновци“ освои прво место во собирање пластична амабалажа

ООУ „Браќа Миладиновци“ освои прво место во рамки на проектот „Рециклирање?! - „Кажи да!“ за собирање пластична амбалажа за учебната 2015/2016 година, во конкуренција на основните училишта во општина Аеродром. Училиштето ќе добие парична награда во висина од 25.000 денари.

Како што информира општина Аеродром, ова основно училиште го освои второто место на ниво на Град Скопје. 

ООУ „Александар Македонски“ го освои второто место во општина Аеродром и за успешно реализираната акција ќе биде наградено со рампа за велосипеди.

Проектот го организираше Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и Шпаркасе банка Македонија.