Македонија
22. August 2015 - 12:45

Царовска: Пријатели од целиот свет - Македонија им помага на бегалците

Пејачката Тања Царовска се огласи на својот Фејсбук профил и ја коментираше ситуацијата со мигрантите, потсетувајќи на протерувањето на луѓето од Егејска Македонија и истакнувајќи дека доколку Европа се однесуваше фер со Македонија, ќе можевме да се справиме со огромниот број на бегалци многу подобро и побрзо и ќе стигнаа во нивните дестинации и во мирни нови домови.

Прочитајте го нејзиниот статус:

-Пријатели од целиот свет. Станува (или веќе беше) јасно (за нас) дека тука на Балканот и општо во истокот, какво хумано дело и да се обидеме да направиме, западните медиуми не претставуваат на најнегативен можен начин и не обвинуваат изложувајќи ги настаните во погрешен контекст и во најлошо можно светло. Македонските граѓани им помагаат на бегалците, донираат се што можат.

Ние сме искрено загрижени за овие луѓе и свесни сме дека утре, за разлика од граѓаните на ЕУ, ние самите може да се најдеме на нивно место. Се сеќаваме дека пред сто години луѓето од Егејска Македонија беа бегалци затоа што ги избркаа од нивните СОПСТВЕНИ ДОМОВИ, каде живееле со векови, и ги протерале.

Југославија прифати мал дел од нив, на истата граница каде се прифаќаат Сиријците денес, а останатите беа протерани да си се снајдат во евро-азискиот комунистички блок. Замислете како е да се живее на Медитеранот цел живот, па да ве исфрлат во Централна Азија. Повеќето никогаш не се вратија.

Повеќето од нив повеќе не ги видеа своите родители/деца. Семејствата беа разделени, родителите ги испраќаа децата за да ги спасат од бомбардирање, барем да продолжат да живеат. Од истите причини денес бегалците се на границите на Македонија. Ние знаеме како е тоа.

Срцата ни се кршат за нив и како мала земја која се бори да застане на нозе правиме се што можеме. Невозможно е да се справиме со сите бегалци одеднаш, исто како што е невозможно 10 луѓе да се качат одеднаш на еден велосипед. Бидејќи бегалците доаѓаат во Македонија од Грција, која е дел од Европската унија, се покренува прашањето: Зошто Европа не ги смести бегалците на безбедно ширум територијата на ЕУ?

Но, кога станува збор за тешки одлуки, Европа се потпира на мали, неспособни земји како Македонија, кои се историски и политички исцрпени низ вековите и едвај можат да се грижат сами за себе. Западните медиуми не критикуваат сега, а го игнорираат фактот дека Македонија не ја прифаќаат во ЕУ со децении поради смешни причини како името, поради што Грција даде вето. Доколку со Македонија (која е во Европа, а не во Европска унија) Европа се однесуваше фер, ќе можевме да се справиме со огромниот број на бегалци многу подобро и побрзо и ќе стигнаа во нивните дестинации и во мирни нови домови.

Затоа, кога ќе гледате вести, информирајте се малку повеќе пред да избрзувате со заклучоци.