-->
-->
Едно лице тешко повредено во железничка несреќа кај Кадрифаково
-->
Вчера околу 20.25 часот на патниот премин преку железничка пруга Кочани-Скопје, на локалниот пат с.Ерџелија- с.Кадрифаково, се случила железничка незгода во која моторна гарнитура сопственост на „Македонски Железници“ АД-Скопје удрила во патничко моторно возило „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (40) од Штип.
Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил возачот на патничкото возило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип.
Во периодот од 20.25 до 23.10 часот, за време на увидот од екипа на ПС Свети Николе, железничкиот сообраќај бил во прекин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден