Македонија
31. August 2016 - 21:08

Договорени избори на 11 декември

Изборите ќе се одржат на 11 декември. Договорот вечерва во Клубот на пратениците го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии. 

Владата која ќе ги организира изборите треба да биде избрана на 2 септември согласно договорот од 20 јули годинава.

Нов уредник на информативната програма на МТВ ќе биде Санта Аргирова чиј мандат ќе започне од 2 септември и ќе трае до крајот на изборниот процес.

На лидерската средба е договорено и Љуљзим Хазими да биде петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, која исто така ќе работи до крајот на изборите.