Македонија
13. July 2016 - 11:17

Познат идентитетот на возачот кој излета од надвозникот во Автокоманда

И.В. е возачот на автомобилот „Пежо 206“ кој утринава имаше тешка сообраќајна несреќа во Автокоманда кај АСУЦ.

Од засега непознати причини возачот со автомобилот ја пробил заштитната ограда на надвозникот, излетал на булеварот и се превртел на кров.

Возачот кој бил сам во автомобил е пренесен во Ургентниот центар, но не се познати детали за неговата здравствена состојба.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата.