Шехапи: Зголемена поддршката за филмови на автори Албанци

Зголемен е бројот на прифатени филмски проекти од продукции и автори од албанската етничка заедница, покажуваат резултатите од последниот конкурс на Агенцијата за филм на РМ за финансирање филмски проекти, кои денеска на прес-конференција ги соопшти Бехиџудин Шехапи, државен секретар во Министерството за култура.
Во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел, меѓу трите одобрени проекти е и „Можеби“ во режија на Кастриот Авдили на продукцијата „Дарданија филм“ од Скопје, со поддршка од 20 милиони денари. Со три милиони денари е поддржан долгометражниот документарен филм на Сенат Абдули „Исти доживувања од различни перспективи“, во кратките играни филмови поддрша има и за „Езерото“ на Бајрам Бајрами и Фатос Лумани, како и за краткиот документарец „Ромео и Јулија“ на Александар Русјаков на продукцијата „Ода“ од Тетово.
- Првпат се случува Албанците како филмски работници да се претставени со свои филмови во сите категории и првпат се случува албански автори и продукции врз основа на определбата за правична застапеност да достигнат до 25 проценти, а во некои категориии и повеќе. Во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел за филмот „Можеби“ на Кастриот Авдили имаме дури 33 проценти. Генерално, околу 22 процента од целокупниот износ за сите филмови на овој конкурс добиваат албанските продукции, односно граѓаните Албанци во Македонија, рече Шехапи на прес-конференцијата во Министерството за култура.
Додаде дека зголемената поддршка е постигната преку интензивна соработка со Владата, со вклучност на двајцата заменици-премиери Албанци, со неговиот ангажман и, како што рече, благодараение на разбирањето од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката на Агенцијата за филм на РМ Мими Ѓоргоска-Илиевска.
- Ние успеавме да направиме еден многу одлучувачки чекор кон унапредување на албанскиот филм во Македонија, со надеж дека нема да застанаме тука и дека ова ќе биде мотив за авторите да работат во оваа дејност, додаде државниот секретар Шехапи.
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
