Акција за чистење на сливници и одводни шахти во Куманово
Екипите на ЈП „Водовод“ од Куманово почнаа акција за расчистување на одводните шахти и сливници.
По поројниот дожд што вчера го зафати градот, надојдената вода и реки се слеваа по улиците од повисоките кон пониските зони во Куманово.
Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски информира дека акцијата се спроведува во повеќе реони, во централното градско подрачје, но и во приградските населби Перо Чичо, Карпош...
- Тоа е наша програмска обврска, но интензивната акција за расчистување се спроведува како превенција од затнување на шахтите и неможноста за прибирање поголема количина на вода, како што беше состојбата во текот на вчерашниот ден, изјави Стојковски.
Акцијата на расчистување на сливниците и одводните шахти се очекува да заврши в недела. Надлежните апелираат граѓаните да внимаваат и да не фрлаат смет со кој се затнуваат одводните шахти.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза