Денеска е Свети Василиј Острошки
Свети Василиј Острошки
Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, с ѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.
Преподобен Мемнон Чудотворец
Се предаде на пост и молитва од младоста. Толку го очисти своето срце што стана живеалиште на Светиот Дух. Ги исцелуваше неисцелливите болни и правеше многубројни други чуда. Се јавуваше и во морски бури и ги спасуваше бродовите од пропаст. Мирно се упокои во Господ во 2 век и се пресели во Неговите небесни дворци.
Светите девет маченици во Кизик
Овие деветмина храбри маченици во кои гореше љубовта Христова не сакаа да им принесат жртви на идолите ниту да се одречат од Господ Христос, заради што беа луто мачени и најпосле убиени со меч. Во времето на царот Константин во Кизик беше изграден храм во чест на овие маченици, а таму ги положија и нивните нетлени мошти. Нивните имиња се: Теогниј, Руф, Антипатар, Теостих, Артем, Магн, Теодот, Тавмасиј и Филимон. Презреа с ѐ минливо заради вечното. Затоа Господ ги воведе во Своите вечни обители и им даде венци на непропадлива слава. Чесно пострадаа и се прославија во 3 век.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
-
УЕФА истражува четворица играчи на Реал Мадрид
-
Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
-
Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата
-
Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
-
Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина
-
Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира
-
Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид