Македонија
19. April 2016 - 16:41

Груевски најави уште еден мега- проект за земјоделците

Земјава ќе добие агробизнис зона. Ќе решат  проблемите на производителите. Ова го најави лидерот на владеачката партија Груевски кој информираше дека  со изградбата на зоната, на едно место,  ќе бидат стационирани складишните центри, трговците и компаниите. Ќе се собира свежото земјоделско производство и ќе се дистрибуира кон крајните потрошувачи. Главните активности во зоната ќе бидат калибрирање, класирање, пакување и разладување како и определување на цената на берза  и дистрибуција.

- Со ова, Македонија ќе добие интегриран систем за пласман на земјоделското производство, што ќе го намали бројот на учесници во синџирот на набавки, а со самото тоа ќе овозможи и поволна цена за земјоделските производители, но и механизам за воспоставување на фер цена и амортизација на ценовните шокови, во периодот на пазарни вишоци.

Од суштинска важност е што на едно место ќе се соберат производителите и откупувачите во поголем број, а со тоа се зголемува и потенцијалот за достигнување на конкурентни пазарни цени. Можноста за договорања и рушења на цените се сведува на минимум, а тоа е исклучително важно за производителите и она што преставува сериозен предизвик со децении наназад.

Ќе биде воспоставен оператор односно аукциската куќа, како централен елемент на Агро бизнис зона Македонија.

Аукциската куќа пред се ќе се занимава со прием на свежите производи по што ќе складираат и ќе се превземат потребните активности за да се продолжи рокот на траење.

Во рамките на центарот, продажбата ќе се врши по примерот на функционирањето на агроберзите во Холандија, со саат и негативна лицитација- Цената почнува од највисока, па се спушта, зависно од квалитетот, понудената количина, бројот на купувачи и побаруваната количина. Ќе почнува со работа во раните утрински часови, каде ќе се определува цената на производите. На овој начин, производителите ќе добиваат фер цена за својот производ, бидејќи истата ќе се дефинира на едно место, зависно од квалитетот на производот, регулирана од побарувачката и понудата на пазарот.

4. Дистрибуција – После дефинирање на цената, ќе се врши утовар на купената роба и истата ќе се дистрибуира до крајните корисници низ Македонија или на пазарите надвор.

Засега предлог локација за зоната е Неготино, која што се смета за најпогодна поради местоположбата. Одговорна за управувањето со Аукциската куќа ќе биде државна компанија која меѓудругото ќе ги брендира македонските производи. Доколку на одржаната аукција има поголема понуда во еден ден, а недоволно побарувачи тогаш складирањето на производот може да се продолжи на неколку дена, за да не падне цената.

Тонско По продажбата на аукцијата, производите се товараат што е можно побрзо во камиони со ладилник. На тој начин, се обезбедува континуиран ладен синџир на транспорт на производите, со што се задржува квалитетот на производот и се продолжува неговата трајност.  Аукциската куќа ќе овозможи сортирање, пакување, складирање согласно пропишаните услови, продажба.  Секој купувач на своето место во продажната сала ќе биде опремен со сет за надавање и купување.

Груевски потенцираше дека поради комплексноста на проектот изградбата ќе почне кон крајот на годинава а зоната ќе почне да функционира во 2018та.