Почна судењето за претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство
Централниот окружен суд во Сеул денеска го отвори процесот против отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, обвинет за бунт и велепредавство, јави ДПА.
Според агенцијата „Јонхап“, 64-годишниот Јун избегна средба со новинарите и влезе во судот преку подземната гаража.
На почетокот на рочиштето, обвинителството го прочита обвинителниот акт, по што Јун доби можност да одговори на обвинувањата. Се очекува во текот на денот да започне и сослушувањето на сведоци.
Обвиненијата се однесуваат на краткотрајното воведување воена состојба во декември, што Јун го прогласи за време на жесток спор во парламентот околу државниот буџет. Иако мерката траеше само неколку часа, предизвика сериозна политичка криза.
Јун подоцна беше подложен на постапка за импичмент, а на 4 април Уставниот суд официјално го отстрани од функцијата.
Сведоци од армијата тврдат дека Јун наредил пратениците насила да бидат исфрлени од пленарната сала, во обид да спречи гласање што можело да ја укине воената состојба.
Јун ги отфрла сите обвинувања. Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со доживотна затворска казна, а теоретски останува можност и за смртна казна, иако во Јужна Кореја не се извршени егзекуции од доцните 1990-ти.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје