Рубио ја повикува Русија да ја прекине „бесмислената војна“ во Украина
Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да ја прекине војната во Украина. Американскиот Стејт департмент денеска објави дека Рубио разговарал телефонски со Лавров во неделата на барање на рускиот дипломат, јави ДПА.
-По посетата на Москва на специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, на 25 април, државниот секретар му ги нагласи на својот руски колега следните чекори во руско-украинските мировни преговори и потребата од веднаш завршување на војната. Соединетите Американски Држави се сериозни во врска со олеснувањето на завршувањето на оваа бесмислена војна, се вели во соопштението на дипломатскиот оддел.
Рубио во неделата изјави дека оваа недела ќе биде „клучна“ и дека САД мора да „одлучат дали ова е потфат во кој сакаме да продолжиме да бидеме вклучени“.
Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на погребната служба за папата Франциск во Рим. За време на враќањето во Соединетите Американски Држави, тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е сериозен во врска со завршувањето на војната и ѝ се закани на Москва со нови санкции.
Вашингтон врши притисок врз Украина да прифати договор за прекин на војната, кој би вклучувал отстапки, и финансиски и територијални, забележува ДПА.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште