-->
-->
Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови
-->
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека Русија синоќа лансирала 145 дронови од кои 85 биле соборени.
Вкупно 49 дронови ги промашиле своите цели, најверојатно како последица на мерките за електронско војување. Украинските воздухопловни сили не прецизираа што се случило со преостанатите 11 дронови.
Рускиот напад предизвикал штети во регионите Доњецк, Харков, Киев, Хмељницки, Полтава и Миколаев. Десет лица се повредени во Миколаев, а две во главниот град Киев.
Регионалниот гувернер на Миколаев Виталиј Ким соопшти дека во рускиот напад биле оштетени девет станбени згради, 30 гаражи и една административна зграда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје