Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека се уапсени 28 лица во врска со пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, пренесе ТРТ-Хабер.
Меѓу уапсените се и сопственикот на хотелот и 18 други лица, кои се задржани во притвор.
Говорејќи пред пратениците на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Ердоган вети дека сите одговорни за трагедијата ќе бидат изнесени пред суд.
– Никој нема да избега од одговорност, нагласи турскиот претседател. Според првичните истраги, системот за детекција на пожар не функционирал, а во областа немало итни тимови за брза реакција.
Исто така, бројот на противпожарни апарати бил недоволен, а излезите за евакуација не ги исполнувале безбедносните стандарди.
Во пожарот на 21 јануари загинаа 78 лица, меѓу кои 36 деца, а повредени се 51 гостин. Во моментот на несреќата, во хотелот имало 238 гости.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје