Министерот Муцунски во Вашингтон – продлабочување на билатералната соработка и привлекување нови инвестиции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон, САД. Посетата, како што соопшти Министерството, претставува значаен чекор кон продлабочување на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски остварил значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт Департментот, Брендон Јодер, потпретседателот на Атланскиот совет на САД, Метју Кроениг, како и лица вклучени во транзицискиот тим на Претседателот Трамп. Дополнително, тој имал средби со претставници на водечки компании од бизнис секторот, стои во соопштението.
Фокусот на политичките средби бил ставен на унапредување на билатералната соработка, заедничките заложби за глобалната безбедност и трансатлантската соработка.
Во разговорите со бизнис заедницата, акцентот бил ставен на преставување на можностите за инвестирање во државата и зајакнување на трговските врски помеѓу двете земји, додаваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
-

Не ја затворил ниту вратата од автомобилот – 44-годишник со 2,78 промили алкохол во крвта уапсен во Кочани
-

Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
-

Голема полициска акција во здравството: Под истрага приватна болница, вработени во Фондот и Ден Дончев
-

АХВ заплени речиси 2 тони небезбедно месо во Радовиш, заплена и на див производител на чварки во Пепелиште | ФОТО
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
