Замисли“ и земи кредит до 60.000 денари со 0 проценти камата и без трошоци
Финансиското друштво „Флекс кредит“ со нов финансиски продукт им излегува во пресрет на граѓаните пред празниците што следуваат. За сите оние што имаат потреба од дополнителни финансии, достапен е потрошувачки кредит кој нуди исклучително поволни услови. Граѓаните на ваков начин, велат од „Флекс кредит“, можат да замислат каква било желба и самите да си ја остварат, секако со помош на ова финансиско друштво.
Потрошувачкиот кредит е до 60.000 денари, а промотивниот пакет им осигурува на граѓаните да ја вратат сумата на две рати, но без камата и без никакви трошоци. Дополнително, не се пресметуваат никакви трошоци. Впрочем, доколку се одлучат за оваа промоција, односно ги вратат финансиските средства на две рати, враќаат толку колку што позајмиле.
„Ова е одлична можност за граѓаните во претстојните месеци кога се празнува. Замисливме продукт кој го насловивме 'Замисли' затоа што веруваме дека секој заслужува остварување на замислените желби. Тоа го прават граѓаните сами, но со понудата на овој продукт ние се надеваме дека помагаме во остварувањето на многу амбиции, потреби, соништа," велат од „Флекс кредит“.
Аплицирањето за кредитот е лесно, брзо и едноставно, а при процесот доволна е само лична карта. Всушност, процесот трае само петнаесетина минути. Граѓаните можат да се информираат за продуктот во една од филијалите на друштвото низ целата држава, телефонски на 13505 или онлајн (info@flexcredit.mk), и на самата веб- страница. Друштвото гарантира за безбедноста на процесот и системот на проверка на апликациите е двоен.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај