Македонија
24. November 2024 - 17:42

Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси

Владата планира од следната есен да бидат вклучени во сообраќај новите 100-120 електрични автобуси кои планира да ги набави како решение за јавниот превоз и аерозагадувањето.

Премиерот вели во моментов се скенира пазарот и се бара најповолниот начин за набавка. Најголемиот број од автобусите ќе бидат наменети за главниот град. 

За актуелните состојби со јавниот превоз и барањето на приватните превозници да се покачи тарифата за изминат километар вели е работа на Градот Скопје како ќе го организира. 

Автобусите на ЈСП ќе имаат доволно нафта за цела наредна недела. Дали во меѓувреме Град Скопје ќе успее да најде најповолен добавувач за да не ги остави граѓаните повторно без јавен превоз ќе биде познато од понеделник. Во меѓувреме приватните превозници најавија дека ќе се вклучат со одреден број возила, но за да ги активираат сите 200 автобуси побараа зголемување на тарифникот и да им се плаќа директно од Град Скопје наместо како до сега преку ЈСП.