Македонија
13. November 2024 - 12:38

Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој

Деформитетите на рбетот кај децата се алармантни

Телефоните ги искривија децата, сѐ повеќе основци имаат деформитети на ‘рбетот. Тешките ранци ,неправилното седење во клупите  ,компјутерите и телефоните ги згрбавија децата . Погрешното држење на телото, според добрите познавачи значи дека скоро 20 отсто од првачињата и до 40 отсто на децата до завршување на основното  образование,  се соочуваат со некое нарушување на телесното држење.

Спортот ги поттикнува децата да се движат и да имаат здрави навики а  социјализацијата е клучен процес за формирање на личноста.

Модерното време и начинот на живот штетно влијаат на правилниот раст и развој. Раното откривање и професионалниот пристап се клучот за решавање на ваквите проблеми.