Косовец баран од македонските власти, уапсен на ГП Морина
На граничниот премин Морина, на албанско - косовската граница, уапсен е 38- годишен Косовец баран со меѓународна потерница издадена од властите на Северна Македонија, каде бил осуден на шест години затвор за дрога, соопшти албанската полиција.
Според полицијата, во соработка со службите на локалната полициска управа Кукс и како резултат на размена на информации со Интерпол Тирана, уапсен е Бурим Бајрами (38), жител на Гњилане, со цел екстрадиција во Северна Македонија.
- При проверките и разговорите во втор ред, на влез во државата, се покажа дека 38-годишниот маж е прогласен за меѓународен баран, откако Судот во Гостивар му изрекол шест години затвор за трговија со дрога. Од оваа казна му остануваат да одлежи околу една и пол година затвор, стои во соопштението.
Се додава дека Интерпол Тирана, во соработка со македонските колеги, ги спроведуваат процедурите за негова екстрадиција.
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата