Македонија
26. October 2024 - 16:55

Анализа: Што ќе се случува со ЗЕЛС ако општините продолжат да ја напуштаат организацијата?

Најавите на Струмица и Карпош за напуштање на ЗЕЛС не се добри, оценува првиот претседател на оваа организација, Горан Ангелов. Проблемите со кои во моментов се соочуваат струмичкиот градоначалник и првиот човек на Карпош не се ненадминливи. Ангелов за Сител вели дека е неопходен дијалог за нивно решавање. 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во понеделник ги покани на средба градоначалникот на Струмица и на Карпош. Костадинов експресно ја одби поканата, а Јакимовски не е оптимист дека овој состанок би ги сменил актуелните состојби.

Во моментов сите општини членуваат во ЗЕЛС. За да фунцкионира организацијата, неопходно е 2/3 од локалните самоуправи да се дел од неа. Првиот претседател на ЗЕЛС не очекува и други општини да најават напуштање на организација. 

Откако Владата одби да го финансира проектот на Костадинов за градски пазар, но и по предизвиците со водата за пиење стигна известувањето дека Струмица го напушта ЗЕЛС. Веднаш по него, преку прес-конференција и Стевче Јакимовски испрати предупредувачки ноти за напуштање на организацијата ако централната власт, како што вели, не го промени својот однос кон Карпош. 

Актуелниот министер за локална самоуправа им порача на двајцата градоначалници да си ги преиспитаат одлуките за напуштање на организацијата.