Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат
200 кривични пријави само во една година за дрвокрадци но ниту една со завршница. Се пустошат македонските шуми а институциите немо набљудуваат. Нелегална сеча на дрва зема се повеќе замав а експертите ќе речат дека овој нелегален бизнис станува поактуелен и од препродавањето на дрога. Покрај овие податоци, истражувањето кое го спроведе РЕФОРД покажува дека граѓаните немаат доверба во институциите .
Надлежните со образложение дека има пропусти во актуелната регулатива и затоа сите овие кривични завршуваат во корист на дрвокрадците.
Истражувањето е направено во 8 општини од сите плански региони во државата а анкетирани се онлајн и теренски а биле опфатени 500 испитаници корисници на огревно дрво, сопственици на приватна шума и дрвопреработувачи.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар