Македонија
23. September 2024 - 16:39

Боди камери за искоренување на корупцијата кај царинските службеници

Со боди камери на униформите на службениците Царина ќе ја сузбива корупцијата. Станува збор за 60 камери кои вработените ќе ги носат 12 часа на ден, за да може да се следи нивната работа. Видео снимките ќе бидат во дата базите 30 дена, а потоа ќе се бришат.

Царина чека да заврши и крајната фаза на донацијата од САД за да може да ги постави камерите кај службениците, со кои се очекува да се намали бројот на инспектори кои примиле мито и завршиле во полициските билтени.

Во меѓувреме, иако беше најавено брза имплементација, сепак ќе се прологира процесот на добивање казни на домашна адреса за оние кои ги прекршиле сообраќајните правила, притоа регистрирани од камерите низ градовите. 

Поставувањето на камерите во Скопје, Тетово и Куманово се очекува да биде завршено до средината на 2025 година. Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање, велат од МВР за Сител.

За да стигнат казните восаначињата на граѓаните неопходни се законски измени, кои ќе бидат во насока на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство.