Преглед на вести од светот
ЛИБАН ОБЈАВИ ЗА 100 ЗАГИНАТИ ДОДЕКА ИЗРАЕЛ ГИ ПРОДЛАБОЧУВА НАПАДИТЕ ВРЗ ЛОКАЦИИТЕ НА ХЕЗБОЛАХ
Најмалку 100 луѓе се убиени а над 400 се повредени во израелските воздушни удари низ Либан изведени утрово објави либанското министерството за здравство. Израелската армија од утрово почна со обемни воздушни напади врз цели на либанската милитантна група Хезболах, по вчерашните ракетни напади на Хезболах врз Израел. Погодени се повеќе од 300 цели на милитантите во Либан. Пред нападите, Израел испратил телефонски пораки до цивили во Либан да ги напушатат подрачјата каде дејствува групата или крие оруќје.
- Ги советуваме цивилите во либанските села лоцирани во, и до зградите и областите што ги користи Хезболах за воени цели, како што се оние што се користат за складирање оружје, веднаш да ги напуштат заради сопствена безбедност. Сакам да повторам, веднаш тргнете се од опасност , порача Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.
-Ги продлабочуваме нашите напади во Либан, операцијата продолжува и ќе продолжи додека не ја постигнеме нашата цел - да ги вратиме жителите на север безбедно во нивните домови. изајви Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.
Хезболах возврати – војната со Израел е во нова фаза, израелците нема да се се вратат на северот. Хезболах почна да го напаѓа Израел речиси веднаш откако почна војната помегу Изарел и Хамас во појасот Газа на 7 октомври лани. Американскиот претедател Џо Бајден изјави дека САД ќе направат се што е во нивна моќ за да спречат ескалација на конфликтот помеѓу Израел и Хезболах.
ЗЕЛЕНСКИ ВО САД ЌЕ МУ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ „ПЛАН ЗА ПОБЕДА“НА БАЈДЕН
Украинскиот претседател е во Соединетите држави. Под засилени безбедносни мерки, Зеленски ја посети фабриката за муниција во Пенсилванија за да им заблагодари на работниците кои учестуваат во производство на артилериски гранати што што ги користи украинската војска во војната со Русија. Зеленски во четврток во Белата кука ќе се сретне со претседателот Бајден за да му открие детали од својот план за победа на Украина .
„Во САД, Украина ќе го претстави својот „План за победа“, а претседателот на САД ќе биде првиот што ќе го види во целост. Ќе го претставиме и на Конгресот - на двете партии и на двајцата претседателски кандидати на САД. Америка ја има потребната сила да го обезбеди она што најмногу го посакуваме“.
СЕДУМ ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИЕТ ВО ЈАПОНИЈА
Седум лица загинаа а 10 се водат како исчезанти откако реркодните врнежи предизвикаа поплави и лизгање на земјиштетото во делови на Јапонија. Цели наслеби се под вода . Повеќе од 40 000 луѓе се евакуирани.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар