Македонија
13. August 2024 - 9:47

Лишен од слобода 29-годишен жител на Канатларци поради предизвикување пожар

Дваесет и деветгодишен жител на прилепското село Канатларци Х.М. вчеравечер во 21 часот во селото бил лишен од слобода од полицијата од ОВР Прилеп под сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“. 

Како што информира МВР денеска, тој се сомничи дека околу 19 часот вчера кај место викано „Корија“ во атарот на село Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

-Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.