Велигденов: Со години обезбедуваме плата преку позајмици, веќе нема од каде да земеме

Вработените во Македонска пошта и денеска протестираа од 8 до 10 часот. Добиле уверувaње дека плата ќе добијат во текот на денов, но не се откажуваат од намерата за штрајк, барајќи од Владата итни реформи во компанијата.
„Финансиската состојба на Македонска пошта е сериозно загрозена. Не обезбедуваме доволно средства за плата. Неколку години обезбедуваме средства преку кредити и позајмици. Дојде момент да веќе нема од каде да обезбедиме средства. Затоа бараме Владата како сопственик да се заложи за реформи и обезбедување финансиски средства за тековно работење“, рече претседателот на синдикатот Боро Велигденов на прес конференција.
Сител постави прашање до Владата дали ќе излезе во пресрет на ова акционерско друштво и оттаму очекуваме одговор.
Вчера и од кабинетот на генералниот директор посочија дека Пошта не е во добра финансиска состојба и заедно со Владата ќе бараат одржливо решение, кое ќе биде во корист на вработените.
Во Пошта има 1.800 вработени и 200 поштари со договор на дело кои со години работат без здравствено осигување и со минимална плата.
Мартин Арсов
Ново на Сител
-
Молебен за Кочани во црквата св.Архангел Михаил во Неиве Италија
-
Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели
-
Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене
-
Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом
-
Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп