Македонија
23. March 2025 - 16:27

Молебен за Кочани во црквата св.Архангел Михаил во Неиве Италија

Православните од дијаспората во Неиве Италија на Молебен за починатите и здравје за повредените од трагедијата во Кочани. Во организација на црквата за молебен и собирање средства за семејствата на повредените се одзвале преку 700 луѓе.

Се приклучуваат Mакедонци заедно со градоначалници од сите општини каде што живее дијаспората во регионот Пиамонте.

За еден ден собрани се 25000 евра, во текот на целиот викенд се собираат средства и во понеделник ќе ги испратат за помош на погодените.