Македонија
25. March 2025 - 12:13

Мицкоски: Од април 2 200 денари повисока минимална плата

Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање.

- Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека минималната плата ќе се зголеми на ниво од 24 400, така е според Законот. Немаме репрезентативен синдикат во Економско-социјалниот совет, се формираше Комисија која ќе ја утврди репрезентативноста. Се надевам дека наскоро тие што ќе бидат репрезентативни претставници на работниците заедно со работодавачите ќе постигнат консензус, а ние тој консензус ќе го почитуваме. Ако се договарат за поголема сума, ќе го промениме Законот и ќе навлеземе во дополнително нивелирање, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани.

Во врска со вработувањата во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), премиерот напомена дека Владата е должна да ги обезбеди сите капацитети на институциите и тоа ќе го стори.

- Се што е потребно ќе направиме, вклучително и вработување лица во ДПИ. Не станува збор за тоа дека нешто не е спроведено или предвидено. Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од 30 години биле погрешни и да, ние ќе ги корегириаме. Поразивме судска мафија, врховен судија фативме со мито во џебот и претседател на Советот на обвинители, во постапка се т.н мазут мафија и т.н. енергетска мафија, во бегство е т.н. коцкарска мафија, приведена е уличната мафија и сега на ред дојде и оваа мафија која царувала, но и таа ќе биде пооразена, а ќе следат и други. Македонија мора да биде пристојно место за живеење, а Владата е должна да ги обезбеди сите капацитети на институциите, како на инспекторатите, така и на МВР и на затворската полиција за да може овој систем беспрекорно да функционира. За жал, наследивме девастиран, урнисан систем, но се трудиме и ќе го доведеме во ред, подвлече Мицкоски.

Прашан за најавените измени на Законот за работно ангажирање, објасни дека со него ќе се регулира работниот однос на пензионираните лица и студентите.

- За законските измени добивме делумно поддршка и од опозицијата. Ќе се регулира работниот однос на пензионираните лица и студентите што досега беше дел од сивата економија. Целта е да се зголемат вработеноста и продуктивноста во насока на зголемување на економските перформанси. Задоволни сме од резултатите во третитот и четвртиот квартал, тие се над три проценти, меѓу петте во европа, за првиот квартал годинава очекуваме поволни резултати, задоволни сме од нивото на странските инвестиции кое е историски највисоко, задолвлни сме и од извозот и индустриското производство кои почнуваат да растат. Сите економски перформанси и индикатори покажуваат знаци на консолидирање, истакна Мицкоски.