Во Врховниот суд јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото Вања
Во Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска.
Како што информираа од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот суд на Република Северна Македонија, оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.
- Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година, со почеток во 12:00 часот во судницата на 1-ви кат во Врховниот суд на Република Северна Македонија, посочија од Врховниот суд.
Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована.
Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.
За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.
По предлог на надлежен обвинител Судот вчера беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.
На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно