ЦУК: По една недела повторно ,,активирани'' пожарите на отворено

По еднонеделното немање пожари на отворено, тие повторно повторно беа „активирани“ во последното деноноќие викендов.
Регионалниот ЦУК Битола, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола во изминатите деноноќие, покрај интервенциите во населени места, ги имале следните пет интервенции на отворено:
– од 13:35 до 16:50 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација кај с.Лисолај;
– од 14:10 до 15:05 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај бензинската пумпа „Пелагонија петрол“ на патот Битола – Приелеп;
– од 16:10 до 16:45 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Братиндол;
– од 16:45 до 17:40 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Карамани, и
– од 16:40 до 20:10 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација во с.Лознани.
Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани, во период од 13:00 до 16:10 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација и нискостеблеста шума во близина на с. Кривогаштани. Опожарена е површина од околу 4 хектари.
ТППЕ Прилеп, во изминатите деноноќие ги имале следните интервенции:
– Од 16:10 до 21:52 часот со 1ПП возило и 5 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација и нискостеблеста шума кај с. Крушеани и с. Чаниште.
– Од 18:05 до 19:44 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено стрниште кај с. Ропотово и с. Ново Селани.
– Од 18:40 до 20:15 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено стрниште во с. Мажучиште и с. Мраморани.
РЦУК Велес, информира дека пожарникарите од ТППЕ Кавадарци во период од 13:30 до 17:00 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација и смрека во атарот кон с.Мрзен Ораовец. Зафатена била површина околу 1 хектара (Општина Росоман)
РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Пробиштип, во којашто се наведува дека во период од 12:30 до 13:30 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с. Стрмош.
ТППЕ Кочани во изминатите деноноќие ги имале следните интервенции и тоа:
– Од 09:15 до 09:40 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена депонија (ѓубре) на ул. „Дамјан Груев” (Општина Кочани).
– Од 18:40 до 19:45 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена депонија (ѓубре) во атарот на с. Теранци (Општина Чишиново-Облешево)
РЦУК Тетово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација покрај патот Тетово-Фалише, изгасната во 17.30ч. Во изминатите дениноќие имале уште една помала интервенција.
Истовремено, од РЦУК Тетово биле во тек дека од 19:30 до 07:00 часот пожарот во с.Калиште (Општина Врапчиште) е самоизгаснат во ноќните часови. Оваа информација ја добиено од, ренџер во Национален Парк „Шар Планина“, од терен на лице место.
ТППЕ Гостивар во период од 16:30 до 20:15 часот си 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација кај каналот, локално место „Седма зона“.
– Од 18:30 до 20:15 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација во с.Горно Баница. Во изминатите деноноќие имале уште три помали интервенции.
Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за управување со кризи, од вкупниот број 1.825 повици на Единствениот број за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 34,47%, а 65,53% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.
Според распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 49,15% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 39,32%, пожарникарите биле упатени 5,98%. Кон Центарот за управување со кризи имало 5,56% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 65,53% неитни повици“ (вкупно заедно 1.209) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
