Народна банка-Светска банка: НБРСМ ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор
Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значаен напредок во зајакнување на финансискиот сектор. Беше донесен Закон за финансиска стабилност со кој на Народната банка и се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици. Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање на банки, а тековно се работи на подзаконска регулатива која произлегува од овој закон. Со цел соодветно вградување на ризиците од климатските промени во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките.
За сите овие активности Светската банка обезбеди значајна поддршка. Ова беше заеднички констатирано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим со делегацијата на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, при што беше изразена благодарност од двете страни за досегашната соработка и изразена надеж и заложба за продолжување на успешните релации.
Посетата на потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани беше во рамки на активностите за одбележување на триесет години на партнерство на земјава со Светската банка. Во изминатите три децении Светската банка претставува значаен партнер на Народната банка, во развојот на капацитетите и градењето на функционалната рамка за воспоставување и одржување на макроекономската стабилност. Соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во идниот период, особено преку понатамошното јакнење на макропрудентната рамка, подготовка на подзаконски акти со цел операционализација на Законот за решавање банки, унапредување на платежната сфера, како и справување со предизвиците од климатските промени.
Народна банка на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
Бин Салман и Путин: Важно е наскоро да се постигне договор за примирје во Украина
-
Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Вучиќ во подкаст кај Трамп помладиот: Србија се соочува со обид за „обоена револуција“
-
Венс: Би се шокирал доколку Трамп прифати распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа
-
Собјанин: Руските противвоздушни сили соборија четири дрона во регионот на Москва
-
До крајот на следната година низ светот може да има 6,7 милиони принудно раселени лица, предупредува данска хуманитарна организација
-
Синодот на СПЦ повика на престанок на поделбите и отпочнување дијалог во Србија
-
Американската администрација бара од агенциите на ОН да пополнат прашалник и да ги откријат антиамериканските врски