Бизнис
23. February 2016 - 19:43

Македонската влада најдобра во ЈИЕ за поддршка на претприемништвото

Владата наградена за најдобра поддршка на претприемништвото во Југоисточна Европа. Признанието е од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели кој годинава се одржува во Истанбул.

Владата на Република Македонија го препозна значењето на малите и средни претпријатија за намалување на невработеноста и обезбедување на повисок и стабилен економски раст, порачаа организаторите врачувајќи ја наградата посочувајќи дека земјава изминитатите години направи забележителен прогрес  што се отсликува и во извештаите на реномирани институции.

Така, Македонија од 2007-та напредна 82 позиции на Дуинг бизнис извештајот  и сега е 6 во Европа и 12 во светот за леснотијата за водење бизнис, а втора во светот за започнување на бизнис.

На светскиот инвестициски форум на бизнис ангели учестуваат стотици реномирани економски експерти и бизнисмени. Меѓу нив се и претставници на Македонската асоцијација на бизнис ангели и компании. Целта е да се споделат искуства и најдобрите практики за обезбедување финансии за малите и средни компании.