Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница
Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа.
Часовниците биле откриени во картонска кутија за која лицето, кое управувало со автомобилот, изјавило дека е пратка со лекови, испратена од негов пријател за болно дете.
- По откривање на непријавените часовници, лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива, се наведува во соопштението.
Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија.
Ново на Сител
-
Еден загинат и еден повреден во судар на автобус и автомобил - Страшна несреќа кај Блаце
-
Без струја дел од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново, а без вода дел од Центар
-
Собранието ќе ја одржи 12-тата седница
-
Дваесет и три години Охридски рамковен договор - годинава со две паралелни одбележувања
-
Донесен ребалансот - Oбезбедени средства за пензии и плати, за студентите и земјоделците
-
Промовирање офицери и подофицери на Воената академија
-
Руската ПВО собори 14 украински дронови
-
Една жртва, изгорени куќи, објекти и огромна материјална штета во пожарот во поширокиот регион на Атина