Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница
Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа.
Часовниците биле откриени во картонска кутија за која лицето, кое управувало со автомобилот, изјавило дека е пратка со лекови, испратена од негов пријател за болно дете.
- По откривање на непријавените часовници, лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива, се наведува во соопштението.
Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија.
Ново на Сител
-
Собранието го донесе Ребалансот на Буџетот
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезната е Олгица Димитровска
-
Стојаноски: Од септември линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари, во март за уште толку
-
Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на партнерката
-
Кина го тестираше својот најголем товарен дрон
-
Студенти од САД со 66 ливчиња освоиле над шест милиони долари
-
Том Круз со спектакл во свој стил ја најави следната Олимпијада во Лос Анџелес
-
Приведен дилер од кумановско за издржување казна затвор од една година