Промовирање офицери и подофицери на Воената академија
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска на свеченост ќе бидат промовирани офицери и подофицери во Армијата на Северна Македонија.
-На свеченоста ќе бидат промовирани 24-та класа питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник, соопшти Министерството за одбрана.
Како што најави, обраќања на настанот ќе имаат претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски.
На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и други високи гости од Министерството и Армијата.
Ново на Сител
-
Гвардиола го сака Меси во Манчестер Сити
-
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра
-
Кејн утре би можел да се врати во составот на Баерн
-
Лазаров одбра 20 ракометари за Светското првенство
-
Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15
-
Скопјани утрово дишат најзагаден воздух во Европа
-
Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар
-
Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје