Гаши, Касами и Меџити на средба договараат идна соработка

Лидерите на Алтернатива и Беса, Африм Гаши и Биљал Касами денеска ќе се сретнат со Изет Меџити, кој неодамна најави дека ќе формира ново политичко движење во кое веќе се вклучени тројца пратеници од редовите на ДУИ.
На заедничка маса, Меџити, Касами и Гаши се очекува да ги стават заедничките цели и ќе ги разгледуваат можностите за соработка.
Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок. Целта е обединување против ДУИ оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.
Како што нагласуваат од Алтернатива за МИА, по завршување на средбата медиумите ќе бидат информирани преку соопштение.
Претседателот на Движењето „Беса“, Биљал Касами минатата недела најави дека ќе соработува во поширок опозициски блок и со Изет Меџити, кого го чека да формира партија. Според Касами, можно е опозиционерите да имаат заедничка листа.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
