Хамас: Нападот во Тел Авив е одмазда за израелската операција на Западниот брег
Палестинското исламистичко движење Хамас ја презеде одговорноста за нападот со возило врз група луѓе во Тел Авив и соопшти дека тоа е одмазда за големата израелска операција на Западниот Брег.
Во нападот беа повредени осум лица, а најмалку пет се во тешка состојба, соопштија од двете болници кои ги примија повредените. Еден 20-годишен палестински напаѓач, со потекло од окупираниот Западен Брег, вчера влета со возилото во група луѓе, а потоа го продолжил нападот вооружен со нож.
Напаѓачот бил убиен од вооружен цивил, соопшти полицијата.
Израелската безбедносна агенција Шин Бет соопшти дека напаѓачот влегол во Израел без дозвола и не им бил познат на израелските власти.
Хамас тврди дека напаѓачот бил еден од неговите членови и дека нападот бил „чин на самоодбрана среде актуелниот ционистички масакр во Џенин“.
Израелскиот министер за полиција, Итамар Бен-Гвир, дојде на местото на нападот во Тел Авив и го повтори својот повик до граѓаните да носат оружје за да се одбранат во улични напади.
-Кога Израел ја почна својата активност во Џенин, знаевме дека тероризмот ќе се обиде да се закани, рече тој.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба