Тројца загинати и стотина повредени во вчерашното торнадо во Тексас

Бројот на жртвите од торнадото што вчера го погоди градот Перитон во американската сојузна држава Тексас се искачи на три лица, а бројот на повредени е меѓу 75 и 100, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на локалните власти.
Според ТВ каналот, има уништени и оштетени куќи. Телевизијата Еј-Би-Си објави дека во Перитон нема струја. Вкупно 50.000 домови се без струја во Тексас и Оклахома.
Националната метеоролошка служба во Амарило потврди дека торнадото ја погодило оваа област вчера попладне.
Шефот на пожарникарите на Перитон, Пол Дачер, за Еј-Би-Си изјави дека торнадото директно удрило на паркинг полн со возила.
Локални медиуми јавија дека најмалку 100 луѓе побарале помош во болницата.
Торнадото вчера навечер се префрли југоисточно низ државата Оклахома. Можно ново предупредување за торнадо е издадено во областа Оклахома Сити.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
