Тројца загинати и стотина повредени во вчерашното торнадо во Тексас

Бројот на жртвите од торнадото што вчера го погоди градот Перитон во американската сојузна држава Тексас се искачи на три лица, а бројот на повредени е меѓу 75 и 100, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на локалните власти.
Според ТВ каналот, има уништени и оштетени куќи. Телевизијата Еј-Би-Си објави дека во Перитон нема струја. Вкупно 50.000 домови се без струја во Тексас и Оклахома.
Националната метеоролошка служба во Амарило потврди дека торнадото ја погодило оваа област вчера попладне.
Шефот на пожарникарите на Перитон, Пол Дачер, за Еј-Би-Си изјави дека торнадото директно удрило на паркинг полн со возила.
Локални медиуми јавија дека најмалку 100 луѓе побарале помош во болницата.
Торнадото вчера навечер се префрли југоисточно низ државата Оклахома. Можно ново предупредување за торнадо е издадено во областа Оклахома Сити.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
