Со европска помош до поголемо искористување на парите од ипар програмите
Со 1,5 милиони евра ЕУ ќе и помага на Платежната агенција поефикасно да ги искористи парите од ИПАРД програмата. Причината е недоволната искористеност на европските пари во земјоделството досега. Проектот ќе трае 21 месец а со него се очекува да се развие поефикасна администрација, која ќе им помага на земјоделците полесно да дојдат до средствата. Министерот Цветков потенцираше дека државата изминатиот период , има преземено голем број на мерки во таа насока.
- Искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата е највисок приоритет на Владата и веќе се преземени соодветни мерки за нивна зголемена апсорпција: отворање Гарантен фонд, субвенционирање банкарска камата, изготвување типски проекти, намалување на критериуми и отворање канцеларии за подготвување апликации, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков пред промоцијата на твининг-проектот за јакнење на капацитетите на Платежната агенција, како и нејзино поефективно и поефикасно работење.
Цветков потенцираше дека годинава стратува аплицирањето за средствата од ИПАРД 2 програмата. На земјоделските стопанства им стојат на располагање 60 милиони евра. Од Платежната агенција пак очекуваат со овој проект да се поедностават внатрешните контроли кои досега ја отежнувале процедурата.
-- Ако сакаме средствата побрзо да го наоѓаат патот до оние за кои се наменети, потребно е да се модернизираме, порача Вуковиќ и оцени дека новите знаења не само што ќе го зголемат степенот на искористеност на средствата, туку ќе придонесат и за нивна поголема ефикасност, а тоа ќе резултира со поголема конкурентност и продуктивност на земјоделскиот сектор.
Лани на двата огласи за ИПАРД 1 програмата имало 1200 апликации. Земјоделците најголем интерес покажале за набавка на трактори, како и за системите капка по капка, фарми и откупни центр.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
