На Денот на бранителите Зеленски вети победа на Украина во војната со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на Денот на бранителите на Украина, вети дека вооружените сили на неговата земја ќе победат во војната со Русија и Украина ќе биде слободна, јавија дел од британските медиуми.
Преку видеообраќање, Зеленски им се заблагодари на украинските војници што ја бранат татковината. Тој истакна дека сè што ѝ било одземено на Украина, ќе биде вратено и ниту еден војник нема да биде оставен во заробеништво.
– Се чини дека сегашниот непријател е колективна слика на сите непријатели на нашата државност, со кои сме се сретнале во минатото, нагласи Зеленски. Според него, со победата над непријателот ќе им се даде одговор на сите кои упаднале на нивната земја. – Тоа ќе биде победа за целиот наш народ. Тоа ќе биде победа за вооружените сили на Украина, подвлече Зеленски.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
