Путин – Мицотакис: Соработка врз основа на взаемен интерес и можност за дополнително зајакнување на односите
Билатералната соработка, енергетиката, туризмот, инвестициите, климатските промени, пандемијата, односите на Русија со ЕУ и НАТО, Балканот, Источниот Медитеран, кипарското прашање, биле дел од темите за кои разговарале рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната средба во Сочи, јави дописничката на МИА од Атина.
Рече дека и покрај тешкотиите што ги создаде пандемијата, трговијата меѓу двете земји е на ниво пред пандемијата, а во првите девет месеци од годинава се зголемила за 56 отсто.
Му се заблагодари на Мицотакис што Грција ги призна руските сертификати за вакцинација со Спутник В, се осврна и на енергетиката, велејќи дека Русија обезбедува над 40 отсто од потребите на Грција, а снабдувањето веќе е и преку новиот гасовод.
-Русија целосно ги исполнува своите обврски кон Грција и кон потрошувачите од европските партнери, истакна рускиот претседател и додаде дека се подготвени да ја надградат соработката во оваа област.
Грчкиот премиер истакна дека имале долга искрена и продуктивна дискусија за билатералните односи и нивната перспектива, истакнувајќи дека средбата ја гледа како „уште еден мост за зајакнување на односите меѓу двата народи и можност да се прошири соработката меѓу двете Влади врз основа на взаемната почит и заедничкиот интерес“.
За односите на ЕУ и НАТО со Русија, Мицотакис истакна дека ги препознава големите предизвици, но ја претпочита потребата „секогаш да бидат отворени каналите на комуникација“.
-Русија е дел од европската архитектура на безбедност. Затоа, функционалниот однос на крајот им користи на сите страни. Грција, како членка на Европската Унија и НАТО, со големо внимание пристапува кон овие односи и затоа не ја криев мојата загриженост за разгорувањето на тензиите во Украина. Верувам дека конфликтот таму нема да има победник, ќе има само губитници, истакна Мицотакис.
Во однос на НАТО, Путин порача дека „тоа е воен блок и за жал овој блок следи конфликтна линија во однос на Русија“ и гледа „однесување што не е пријателско кон Русија“ , истакнувајќи дека Москва не се стреми кон конфликт.
За вчерашната видеоконференциска средба со американскиот претседател Џо Бајден, Путин рече дека се согласиле да ја продолжат дискусијата и да разменат идеи.
-Нашите идеи ќе ги изготвиме во рок од една седмица и ќе ги доставиме до американската страна за да ги разгледа, рече Путин.
Истакна дека „секоја земја има право да го одбере најдобриот начин за обезбедување на нејзината безбедност, но без да се поткопа безбедноста на другите,во конкретниот случај безбедноста на Русија“.
Одговарајќи на новинарско прашање за грчко – турските односи, Путин рече дека „почетна точка за сите разлики е дијалогот“, а за тоа има расположение од грчка страна, паралелно изразувајќи поддршка за еден таков дијалог.
Мицотакис рече дека Турција користи „агресивни активности, кои го прекршуваат меѓународното право и често ја поткопуваат стабилноста во регионот“, а Грција секогаш е отворена за дијалог во рамките на меѓународното и морското право
Путин и Мицотакис, на денешната средба во Сочи ја усвоиле и програмата на активности меѓу двете земји за периодот 2022-2024 година.
Ново на Сител
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош