Македонија
8. December 2021 - 9:13

Вчера казнети 132 возачи во Скопје, од нив 34 возеле пребрзо

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 23 прекршоци што ги чинат пешаците, 11 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 31 мерка за непрописно паркирање. 

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.