Македонија
19. November 2021 - 16:44

И власта и опозицијата сметаат дека барањата на Софија се неевропски

Критики на бугарска адреса и од власта и од опозицијата по најавите за ново вето на стартот на преговорите пред крајот на годинава. Опозицискиот лидер денеска од Илинден го повика Брисел да стави крај на хегемонстичките политики на Софија.

Владиниот потпретседател задолжен за европски прашања денеска во Мадрид коментираше дека политиката на Бугарија кон Македонија е заглавена во 19 век.

И Мицкоски и Димитров и натаму остануваат оптимисти дека под притисок на европските партнери постои можност да се најде решение за бугарскиот проблем и Македонија час поскоро да ја одржи првата меѓувладина конференција.