Македонија
26. October 2021 - 11:03

Македонски полицајци уапсиле лице од Албанија барано од Интерпол

Синоќа, македонските полицајци уапсиле 42 годишно лице од Албанија, кое било барано со Интерпол за апсење, информираат од МВР.

„На 25.10.2021 во 23.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола било констатирано дека Н.Ф.(42) од Република Албанија евидирал во оперативните евиденции со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир, за понатамошна постапка“-се вели во соопштението.